8-неделна програма со ластици (Resistance Bands)

8-неделна програма со ластици (Resistance Bands)

ден 990.00 MKD
Цена на попуст  ден 990.00 MKD Редовна цена 
Skip to product information
8-неделна програма со ластици (Resistance Bands)

8-неделна програма со ластици (Resistance Bands)

ТВОЈОТ ПЕРСОНАЛЕН ТРЕНЕР, КАДЕ И ДА СИ!

Заборави на броењето повторувања, гледањето во часовникот и прашувањето „која е следната вежба?“. Со оваа програма, твое е само да стиснеш PLAY, а за сè останато се грижам јас!

Ова не е обична листа на вежби, туку премиум "Train Along" искуство. Што значи тоа? Секој тренинг е комплетно снимен од првата до последната секунда, и јас вежбам заедно со тебе во реално време! Те водам низ процесот, го диктирам темпото, те мотивирам кога е најтешко и јас сум задолжен за тајмерот.

ШТО ЈА ПРАВИ ОВАА ПРОГРАМА ИДЕАЛНА ЗА ТЕБЕ?

🎥 Целосно Водено Искуство: Вежбаме заедно. Од првата секунда загревање, до последната секунда истегнување.

⏱️ 40 Минути за Комплетен Тренинг: Секоја сесија е внимателно структурирана да го извлече максимумот од твоето време и содржи: Загревање ➡️ Главен тренинг ➡️ Стомачни ➡️ Истегнување.

📈 За Секое Фитнес Ниво: Дизајнирана е за секого – од комплетен почетник кој првпат фаќа ластик, до искусен про атлета кој бара нов предизвик. Програмата има различни нивоа на интензитет, а за секоја поединечна вежба ти покажувам соодветна замена (скалирање) во зависност од твоите можности.

🗓️ Оптимален Распоред: Тренираме 3 пати неделно. Совршен баланс помеѓу работа, одмор и резултати, лесен за вклопување во најдинамичниот распоред.

🎒 Минимална Опрема: Без тегови и без скапи справи. Сè што ти треба е еден сет ластици за вежбање (resistance bands).

🌍 Твојата Теретана е Насекаде: Дизајнирана да биде флексибилна. Изработи го тренингот во дневната соба, во хотел додека патуваш, или надвор на сонце.

Нема повеќе изговори. Го имаш тренерот, имаш програма што се прилагодува на тебе и потребни ти се само 40 минути во денот.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ?

По завршена нарачка, на твојата е-пошта добиваш код за пристап. Со кодот се најавуваш на нашата платформа и веднаш почнуваш со програмата.

Внимавај е-поштата што ја внесуваш при нарачка да е точна — на неа доаѓа пристапот.